Зеленски: Следните неколку месеци ќе бидат одлучувачки во оваа војна

Зеленски им се заблагодари на САД откако најавија помош за Киев од околу осум милијарди долари

пред 4 месеци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на американскиот претседател Џозеф Бајден, откако беше најавено дека САД ќе испратат воена помош на Киев во вредност од речиси осум милијарди долари и ќе воведат нови санкции против Русија.

„Во име на украинскиот народ и нашите храбри воини на фронтот, му благодарам на нашиот најблизок сојузник, Соединетите Американски Држави, што најде начин да ја отстапи преостанатата безбедносна помош за Украина и да обезбеди претседателските овластувања да траат до крајот на фискалната година во САД“, напиша Зеленски на својата сметка на мрежата Х.

Тој посочи дека Киев ќе ја искористи новата американска помош за на најефикасен начин да ги постигне главните цели, односно победата на Украина, праведен и траен мир, како и трансатлантска безбедност.

Текстот Зеленски им се заблагодари на САД откако најавија помош за Киев од околу осум милијарди долари е превземен од МАКФАКС.