Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија утринава лансирала 93 проектили и 200 беспилотни летала во еден од најголемите напади врз енергетскиот систем на Украина.
Тој на платформата Х изјави дека Украина соборила вкупно 81 проектил, а 11 биле соборени со помош на авиони Ф-16.
Зеленски рече дека мирот бара сила и дека рускиот претседател Владимир Путин не може да го запре со зборови.
Текстот Зеленски: Русија лансираше 93 проектили и 200 беспилотни летала врз енергетскиот систем на Украина е превземен од МАКФАКС.