Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја отфрли понудата на САД за евакуација од Киев, објави на „Твитер“ украинската амбасада во Велика Британија.
Според амбасадата, Зеленски им рекол на САД: „Ова е борба. Ми треба муниција, а не транспорт“.
“The fight is here; I need ammunition, not a ride.” – @ZelenskyyUa on the US evacuation offer.
Ukrainians are proud of their President??
— Ukraine’s Emb. to UK (@UkrEmbLondon) February 26, 2022
„Украинците се горди на својот претседател“, се додава во објавата.
Во видеото објавено на „Твитер“ денеска наутро, Зеленски рече: „Не го положуваме оружјето“.