Земјотрес од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтер ги погоди Филипините

пред 11 месеци

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово ги погоди Филипините, соопшти филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Потресот се случил околу 8:23 часот по локално време во провинцијата Суригао дел Сур, на околу 77 километри југоисточно од градот Кагвајт, јавува „Манила тајмс“.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри, а според информациите од Филипинскиот институт, земјотресот бил почувствуван и во околните места, но малку е веројатно дека предизвикал штета на инфраструктурата.

Текстот Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтер ги погоди Филипините е превземен од МАКФАКС.