ИДФ: Армијата уби повеќе од 200 терористи во операциите во последните недели

ИДФ: Армијата уби повеќе од 200 терористи во операциите во последните недели

пред 4 месеци

Израелската армија убила повеќе од 200 терористички оперативци за време на операциите предводени од 162-та дивизија во изминатите недели во областа Тел Султан во Рафах, јужно од Појасот Газа, соопштија денеска израелските вооружени сили (ИДФ).

Армијата соопшти дека открила и десетици оружја скриени во куќите во областа, објави „Тајмс оф Израел“.

Во еден инцидент, војниците ја пребарале зградата каде што се судриле со вооружен напаѓач, а во нејзиниот подрум пронашле скриено оружје и залихи што ги користеле терористите, соопшти ИДФ.

Текстот ИДФ: Армијата уби повеќе од 200 терористи во операциите во последните недели е превземен од МАКФАКС.