Израел испрати луѓе да преговараат со Хамас за ослободување на заложниците

Израелски бизнисмен обвинет за заговор за атентат врз Нетанјаху: „Иран стои зад се“

пред 4 месеци

Израелската разузнавачка агенција Шин Бет денеска објави дека обвинила израелски бизнисмен за заговор за атентат врз Бенјамин Нетанјаху.

Според тврдењата на агенцијата, човекот планирал да ги убие министерот за одбрана Јоав Галант и шефот на Шин Бет Ронен Бар, а планот бил развиен од разузнавачките агенции во Иран, пишува „Ерусалим пост“.

Осомничениот, наводно, двапати го посетил Иран – во мај и август – и за тие средби добил 5.000 евра.

„Шин Бет“ соопшти дека на човекот му било наредено да преземе финансиски, логистички и активности поврзани со оружје како дел од планот.

Мажот беше уапсен минатиот месец под сомнение дека „извршил безбедносни прекршувања поврзани со контакт со разузнавачки елементи на иранскиот режим“.

Текстот Израелски бизнисмен обвинет за заговор за атентат врз Нетанјаху: „Иран стои зад се“ е превземен од МАКФАКС.