Кирби: Русија продолжува да ги зголемува своите воени сили на границата со Украина

пред 3 години

Пентагон соопшти дека Русија продолжи да ги зголемува воените сили на границата со Украина во текот на викендот.

„Дури и за време на викендот, видовме дека Путин додаде капацитет на своите сили долж границата со Украина и Белорусија“, рече Џон Кирби, портпарол на Пентагон.

Кирби рече дека се чини дека руските сили во овој момент не се директно насочени кон источната страна на НАТО.

Според него, Русија има 100.000 војници и продолжува да ги зголемува своите сили.

Тој рече дека во овој момент нема наредено дополнителни американски сили да се подготват за распоредување.