Кралицата Елизабета нема да присуствува на отворањето на парламентот, принцот Чарлс за прв пат ќе го прочита нејзиниот говор

пред 3 години

Во традиционалниот амбиент на Домот на лордовите, кралицата Елизабета нема да присуствува на државното отворање на Парламентот, а Чарлс, принцот од Велс, првпат ќе го прочита говорот на кралицата во присуство на неговиот син Вилијам.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според „Скај њуз“, британската нација денеска ќе добие увид во кралската иднина.

Кралицата Елизабета само два пати го пропушти државното отворање на Парламентот, кога беше бремена со принцот Ендру и принцот Едвард. Сега, 59 години откако последен пат не можеше да присуствува на свеченото отворање на Парламентот, таа побара од нејзините наследници да го заземат нејзиното место, барем за оваа година.

Согласно законот, таа должност можела да му ја предаде на кој било од „државните советници“. Ова го вклучува брачниот другар, покојниот војвода од Единбург, и следните четири лица во сукцесијата кои се над 21 година, а тие моментално се принцот од Велс, војводата од Кембриџ, војводата од Сасекс и војводата од Јорк.

Отсуството на кралицата Елизабета, според „Скај њуз“, не било неочекувано, бидејќи со недели во јавноста се поставувале прашања дали може да го направи тоа бидејќи има проблеми со движењето.

Во последниве месеци, самата кралица призна дека се мачела да оди, а кога го добила корона вирусот, се зголемиле и нејзините здравствени грижи.

Бакингемската палата нагласи дека синот и внукот на кралицата заедно ќе го отворат Парламентот како државни советници.