Русија: Кина го предложи досега најразумниот мировен план за конфликтот во Украина

Лавров до САД: Не се шегувајте со нашите црвени линии

пред 4 месеци

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги предупреди САД да не се шегуваат со „црвените линии“ на Москва, објави Ројтерс.

Лавров рече дека САД „го губат чувството за взаемна воздржаност“ со Русија и тоа е опасно.

Ројтерс, да потсетиме, вчера објави дека Америка планира да и даде одобрување на Украина да напаѓа со западно оружје со долг дострел длабоко на руска територија.

Украина со месеци бараше дозвола за тоа за да ги спречи руските напади врз цивили и енергетската инфраструктура низ Украина.

Текстот Лавров до САД: Не се шегувајте со нашите црвени линии е превземен од МАКФАКС.