Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска пристигна во дводневна посета на Кина, каде што со кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, ќе разговара за прашањата за интеракцијата меѓу двете земји и меѓународната агенда.
Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи во неделата, Лавров и Ванг ќе разговараат за „широк спектар прашања за билатералната соработка, интеракцијата на меѓународната сцена, со акцент на заедничката работа во ОН, БРИКС, Г20, АПЕК и други мултилатерални механизми и форуми“, пренесува „РИА новости“.
Исто така, соопштено е дека е планирана детаљна размена на мислења за голем број важни теми и регионални прашања вклучувајќи ја украинската криза и ситуацијата во Аиско-пацифичкиот Регион.
Лавров во Пекинг ќе остане до утре, а претходниот пат ја посети кинеската престолнина во октомври 2023 година.
Текстот Лавров пристигна во дводневна посета на Кина е превземен од МАКФАКС.