Лондон воведе санкции за управителите на затворот во кој беше сместен Навални

Лондон воведе санкции за управителите на затворот во кој беше сместен Навални

пред 11 месеци

Велика Британија го замрзна имотот на шестмина раководители на руската казнена колонија во Арктичкиот круг, каде што опозицискиот лидер Алексеј Навални ја издржување казната и на крајот почина.

На санкционираните затворски менаџери ќе им биде забранет влез во Велика Британија, објави Би-би-си.

Санкционирани се шест лица, меѓу кои и затворскиот управник и неговите пет заменици.

Западните лидери ги обвинуваат руските власти, вклучително и претседателот Владимир Путин, за смртта на Навални.

„Оние што се одговорни за бруталниот однос кон Навални не треба да имаат илузии, ќе ги прогласиме за виновни“, изјави британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон.

Во објавувањето на санкциите Камерон рече дека руските власти го гледаат Навални како закана и постојано се обидувале да го замолчат.

„Затоа ги санкционираме највисоките затворски службеници одговорни за неговото затворање во затворската колонија во која ги помина последните месеци“, рече Камерон.

Алексеј Навални почина на 16 февруари во казнена колонија во Арктичкиот круг, каде што издржуваше затворска казна за корупција. Минатата година тој беше префрлен од Владимирската област во близина на Москва во строга казнена колонија, каде што се држат осуденици за најтешките кривични дела.

Текстот Лондон воведе санкции за управителите на затворот во кој беше сместен Навални е превземен од МАКФАКС.