Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во регионот Коста дел Сол на југот на Шпанија по прогласувањето црвен аларм поради екстремни врнежи и поплави.
Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување на телефоните во провинцијата Малага предупредувајќи на екстремен ризик од дожд, пишува Би-би-си.
Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта, како Марбеља, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како Дана.
Текстот Малага евакуира илјадници луѓе, издадени нови предупредувања за поплави е превземен од МАКФАКС.