Малезија издвојува 335 милиони долари за санирање на штетите од поплавите

пред 3 години

Малезија ќе одвои 334,93 милиони долари за помош на најпогодените од големите поплави, најави денеска премиерот Исмаил Сабри Јакоб.

Од 17 декември речиси 70.000 луѓе се раселени, додека најмалку 48 лица загинаа по обилните дождови кои предизвикаа поплави во осум малезиски држави, пренесува Ројтерс.

Малезискиот премиер во соопштение рече дека владините мерки за помош ќе вклучуваат директна финансиска помош за најмалку 30.000 погодени домаќинства, компензација за смртни случаи, олеснување за сметки, комунални услуги и поправки на возила.