Мал авион се урна на Алпите, се трага по преживеани

Мал авион се урна на Алпите, се трага по преживеани

пред 5 месеци

Мал авион се урнал во алпската планинска област во близина на Бранднертал, во западна Австрија, блиску до швајцарската граница.

Авионот бил на пат од Италија кога ненадејно се урнал на тешко пристапен терен.

Планинските тимови за пребарување и спасување ја пребаруваат областа откога градоначалникот Клаус Бичи го вклучи алармот нешто по 10 часот денеска, јавува Vol.

Во тек е итна потрага по преживеани, како и по остатоците од леталото.

Речиси 100 служби за итни случаи се на местото на настанот, вклучително и планинската спасувачка служба, противпожарната служба и полицијата во близина на местото на несреќата, за кое се верува дека е во областа Доњи Бригел, пренесува „Пулс 24“.

Поради густата магла, во моментот не е можна потрага со хеликоптер, се вели во соопштението на итната помош.

Останува нејасно колку патници имало во авионот, кој е во приватна употреба.

Се вели дека авионот е модел со два мотора, Beechcraft Baron 58, од 1978 година.

Текстот Мал авион се урна на Алпите, се трага по преживеани е превземен од МАКФАКС.