Марија Захарова: Ова е општа хистерија

пред 3 години

Портпаролката на руското МНР Марија Захаров денеска изјави дека реакцијата на светската заедница на потезите на Русија, вклучително и Генералното собрание на Обединетите нации, е хистерична, а изјавите на официјалните лица се „апсурдни“.

„Тоа е хистерија, тоа е заплашување, сето тоа е заедно. Тие ќе ги изнесуваат овие апсурдни тврдења се повеќе и повеќе“, рече таа.

Како што истакна таа, Русија се обидела да го спречи актуелниот развој на настаните во Украина, но Западот избрал да не обрнува внимание на тоа.

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова денеска изјави дека, како што наведе, телефонски терористи од САД, Германија, Полска и Украина се обидуваат да ја блокираат работата на руските дипломати во странство.

„Телефонските терористи користат телефонски линии, телефони за итни случаи и информации за контакт“, изјави Захарова за каналот „Соловјов во живо“, пренесува ТАС С.