Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ги распиша изборите за пратеници во Европскиот парламент, кои ќе се одржат во недела на 9 јуни.
Иако претходно се шпекулираше дека Милановиќ ќе се кандидира за место во Европскиот парламент, тој претходно денеска демантираше. Имено, и покрај забраната на Уставниот суд на Хрватска, Милановиќ води кампања за претстојните парламентарни избори и вели дека тој ќе биде новиот премиер на Хрватска.
Парламентарните избори во Хрватска ќе се одржат во среда, на 17 април.
Текстот Милановиќ ги распиша изборите за пратеници во Европскиот парламент е превземен од МАКФАКС.