Моравјецки: Само цело НАТО може да одлучи за испраќање авиони

пред 3 години

Само сите земји-членки на НАТО можат да донесат одлука за испраќање борбени авиони во Украина, изјави денеска полскиот премиер, при посетата на Виена.

„ Не донесовме сами одлука да испорачаме авиони (во Украина), бидејќи тоа мора да биде одлука на целото НАТО“, рече Матеус Моравјецки на прес-конференцијата емитувана на полската телевизија, пренесе „Ројтерс“.