Четири лица се водат како исчезнати во силната експлозија што се случи утринава во словенечкиот град Кочевје. Во инцидентот повредени се најмалку 20 лица, од кои двајца потешко.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Според Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи, две повредени лица се здобиле со тешки изгореници и со хеликоптер се пренесени во Клиничкиот центар во Љубљана.
Од Здравствениот дом Кочевје соопштиле дека четири лица се водат како исчезнати и дека не се вработени во хемиската фабрика „Меламин“.
Градоначалникот на Кочевје, Владимир Пребилич, во изјава за медиумите рече дека несреќата нема поголеми негативни влијанија врз животната средина, но ги советува жителите на ова место да останат во своите домови. А, ако веќе треба да излезат, тогаш препорачува да носат маски, додека, како што рече, не се знаат резултатите од мониторингот на чистотата на воздухот.
Директорот на компанијата „Меламин“, Среќко Стефаниќ, вели дека експлозијата се случила утринава при префрлање на една супстанца испорачана со цистерна.
Тој рече и дека нема опасност од нови експлозии, односно испуштање на опасни материи. Стефаниќ изјави и дека е изненаден од експлозијата, чија причина се уште не е позната.