Најави дека примирје меѓу Изрел и Палестинците може да има веќе од утре

пред 4 години

До прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците може да дојде веќе во петок, пишува „Волт стрит џурнал“.

Повикувајќи се на извори вклучени во преговорите, весникот наведува дека египетските власти постигнале напредок во преговорите со раководството на Хамас и дека израелската армија неофицијално признала дека е близу до остварување на своите воени цели.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден предвидува дека примирјето може да стапи на сила оваа недела, се поставува само прашањето кога точно.

Весникот наведува дека неименуван американски официјален претставник изјавил дека постои загриженост дека припадници на друга милитантна група – Палестинскиот исламски џихад би можеле да продолжат да вршат напади дури и по постигнување на договор за прекин на огнот.

Белата куќа одби да ги коментира извештаите.