Нетанјаху изрази загриженост за „анти-израелската позиција“ на Русија

Нетанјаху изрази загриженост за „анти-израелската позиција“ на Русија

пред 1 година

Израелскиот лидер денеска разговараше со Владимир Путин и го изрази своето незадоволство поради „анти-израелската позиција“ заземена од претставниците на Москва во ОН.

Во израелската изјава се вели дека г-дин Нетанјаху, исто така, изразил „огромно негодување“ за „опасната“ соработка на Русија со Иран.

Во петокот Русија ја поддржа резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за примирје во Газа.

По американското вето, заменик-амбасадорот на Русија во ОН Дмитриј Полјански го нарече гласањето „еден од најтемните денови во историјата на Блискиот Исток“.

Текстот Нетанјаху изрази загриженост за „анти-израелската позиција“ на Русија е превземен од МАКФАКС.