Нетанјаху: Договорот за ослободување на заложниците е блиску

Нетанјаху опериран: израелскиот премиер е свесен, но ќе остане во болница неколку дена

пред 2 недели

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху е во добра состојба и е целосно свесен откако неговата операција на простата беше „успешна“, соопшти денеска неговиот кабинет.

Офер Гофрит, шеф на одделот за урологија во Медицинскиот центар Хадаса во Ерусалим, во видео изјава рече дека процедурата поминала добро и дека „нема страв“ од рак или малигнитет, пренесе АП.

Нетанјаху им се заблагодари на своите лекари во соопштението, а неговата канцеларија соопшти дека е „целосно свесен“ и бил одведен во подземна единица за опоравување, која е зајакната против потенцијални ракетни напади.

„Премиерот сега е префрлен во безбедна подземна единица за опоравување. Се очекува тој да остане во болница на набљудување во следните неколку дена“, соопштија од неговата канцеларија.

Текстот Нетанјаху опериран: израелскиот премиер е свесен, но ќе остане во болница неколку дена е превземен од МАКФАКС.