Украина денеска врати 49 украински ветерани и цивили од руско заробеништво, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Меѓу нив има и припадници на украинската армија, Националната гарда, полицијата и граничарите, додаде тој.
Меѓу нив има 23 жени. Ослободени се и дел од цивилите кои Русија ги приведе и незаконски ги затвори пред инвазијата, објави Координативниот штаб за третман на воени затвореници.
$bp(“TargetVideo_26237711”, {“id”:”45264″,”width”:”420″,”height”:”560″,”video”:”1759977″,”autoplay”:0,”shared”:true});
На социјалните мрежи се шират потресни снимки од ослободените Украинци, завиткани во знамиња и прегрнати со членовите на семејствата кои ги пречекале.
„Мораме да ги вратиме дома сите наши војници и цивили“, рече Зеленски.
Текстот Објавена снимка од ослободените Украинци од руско заробеништво е превземен од МАКФАКС.