Објавени фотографии од Израел: „Ја избегнавме смртта за 30 секунди и три сантиметри“

Објавени фотографии од Израел: „Ја избегнавме смртта за 30 секунди и три сантиметри“

пред 4 месеци

Израелската телевизија Канал 12 разговараше со Израелецот Дуди Јицаки, кој живее во населбата Гиват Авни во Галилеја.

Тој рече дека тој и неговото семејство биле на 30 секунди и три сантиметри од смртта откако нивниот дом бил погоден од ракета на Хезболах, која исламистичките милитанти ја истрелаа денеска врз Израел како одговор на силните напади врз нивните упоришта во јужен Либан.

„Бев среде деловен телефонски повик надвор кога се вклучи сирената. Влегов во куќата и влегов во просторија која беше зајакната со арматура. Беа околу 30 секунди, а потоа слушнавме неверојатна експлозија. Веднаш разбрав дека ракетата ја погодила куќата“, рече тој.

Текстот Објавени фотографии од Израел: „Ја избегнавме смртта за 30 секунди и три сантиметри“ е превземен од МАКФАКС.