„Не прифаќаме сочувство, се уште не сме го виделе детето“, прво огласување на родителите на Данка откако беше соопштено дека е убиена

„Ова е стрес за сите, за детето што го носам“: сослушани родителите на малата Данка

пред 9 месеци

Родителите на малата Данка (2), која исчезна на 26 април, Ивана и Милош, беа на распит во Обвинителството во Заечар.

Тие беа први сослушани со неколку сведоци, кои сè уште се во Окружното јавно обвинителство во Заечар.

„Овде сме од 8 часот. Разговарав со обвинителот од 8.15 до 11 часот. Кажав сè што се случи од тој ден“, изјави Ивана за „Информер“,  која е во шестиот месец од бременоста и додаде:

„Сето ова е стресно за сите нас, за нашето постаро дете, за детето што го носам“, додаде таа.

По неа, и нејзиниот сопруг разговараше со обвинителката и, како што објасни, не може да опише како се чувствува.

„Не можев да видам кој седи зад мене. Не знам дали осомничените биле во истатапросторија. Не можам да опишам како се чувствувам“, изјави Милош.

Toj во изјава за „Телеграф.рс“ вели: Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме е неописливо. Тоа може да го разбере само родителот. Неколку пати ни дојде полиција, ѝ ги зеде работите на Данка, ништо не знаеме, ни за крвта на патот, ни во кола, ни ништо. Не разбираме зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, не навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе… Кога се ќе заврши, ќе излеземе на медиумите и ќе кажеме се“, изјави за Телеграф.рс Милош Илиќ, таткото на убиената Данка.

Текстот „Ова е стрес за сите, за детето што го носам“: сослушани родителите на малата Данка е превземен од МАКФАКС.