Штрајкот на вработените во јавниот транспорт го прекина сообраќајот во неколку италијански градови

Патник без билет нападнал кондуктер на воз во Италија

пред 2 месеци

Патник без билет во локален воз нападнал кондуктер во близина на Арека во Тоскана, соопшти денеска железничката компанија ТФТ.

Тоа е последен во серијата напади врз персоналот на јавниот транспорт низ Италија, вклучувајќи го и случајот со кондуктер кој беше избоден минатата недела во близина на Џенова, пренесува АНСА.

Напаѓачот прво го удрил кондуктерот во главата, а потоа го испрскал со бибер спреј, се вели во соопштението на компанијата TFT.

Текстот Патник без билет нападнал кондуктер на воз во Италија е превземен од МАКФАКС.