Пентагон: Не испраќаме дополнителни сили поради нападот врз Хутите

Пентагон: Не испраќаме дополнителни сили поради нападот врз Хутите

пред 12 месеци

Соединетите Американски Држави не планираат да испратат дополнителни сили во регионот откако американската и британската армија извршија напади против јеменските бунтовници Хути, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Тој исто така објави дека американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, кој беше хоспитализиран на 1 јануари, бил „активно ангажиран во следењето и насочувањето на овие напади“, пренесува „Ројтерс“.

Во нападот на Хутите, САД, Велика Британија и нивните сојузници користеле моќен арсенал оружје, вклучително и ракети „Томахавк“, и ангажирале подморници и борбени авиони „тајфун“.

Текстот Пентагон: Не испраќаме дополнителни сили поради нападот врз Хутите е превземен од МАКФАКС.