Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не му честитал на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави за победата на изборите.
Тој прецизираше дека немало никакви контакти меѓу Путин и Трамп, пренесе РИА Новости.
Одговарајќи на новинарско прашање дали се планирани контакти меѓу Путин и Трамп, Песков додаде дека „не знае ништо за такви планови, барем не во овој момент“.
Текстот Песков: Путин не му честиташе на Трамп за изборната победа е превземен од МАКФАКС.