Песочна бура во Ирак ги запре авионските летови, стотици граѓани побарале лекарска помош

пред 3 години

Стотици Ирачани денеска побарале помош во болниците поради проблеми со дишењето, а аеродромот во Багдад ги прекинал летовите на неколку часа откако густа песочна бура го погоди Ирак, петти пат во рок од еден месец.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Ирачките државни медиуми објавија дека повеќето пациенти имале респираторни проблеми и дека клиниките ширум северот и западот на земјата правеле напори да ги згрижат пациентите, пренесе агенцијата АП.

Властите ги предупредија граѓаните да останат во затворени простории.