Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос

Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос

пред 7 месеци

Сè уште горат три пожари, кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги локализираат.

Пожар избувна на островот Кос во понеделникот и излезе од контрола бидејќи силните ветрови го шират кон Кардамаина, популарно туристичко одморалиште на источниот брег на островот, пренесува „Катимерини“.

Петмина пожарникари се полесно повредени во операциите за гаснење, а речиси 10.000 туристи и жители се евакуирани од областа и сместени во училишта, спортски стадиони и хотели во Антимакија, Мастичари и Мармари.

Текстот Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос е превземен од МАКФАКС.