Пожар во Австралија, повеќе од 2.000 луѓе евакуирани, температури над 40 степени

Пожар во Австралија, повеќе од 2.000 луѓе евакуирани, температури над 40 степени

пред 11 месеци

Во југоисточна Австралија, во државата Викторија, на повеќе од 2.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат кога  пожарот на ниско ниво излезе од контрола.

Националната служба за итни случаи ги повика жителите во градовите Раглан и Бофор, како и оние во околните области, да се евакуираат на исток до блискиот регионален центар Баларат, 95 километри западно од Мелбурн. Северозападно од Баларат горат 50-ина квадратни километри земја, а температурите се над 40 Целзиусови степени, објави „Ројтерс“.

Премиерката на Викторија, Џасинта Алан, рече дека повеќе од 1.000 пожарникари се вклучени во пожарот, поддржани од 24 авиони и повеќе од 100 возила. Официјални лица рекоа дека не е пријавена материјална штета.

Метеоролозите  издадоа предупредување за пожар во неколку области во државата Викторија. Пожарите западно од Баларат се очекува да се шират до полноќ поради топлина и ветер.

Текстот Пожар во Австралија, повеќе од 2.000 луѓе евакуирани, температури над 40 степени е превземен од МАКФАКС.