Брод со повеќе од 60 мигранти потона денеска во Ла Манш, во близина на Булоњ-сур-Мер, а најмалку 13 лица се удавија, од кои тројца малолетни, јавуваат француските медиуми.
Неколку мигранти се во многу тешка состојба, пренесува „Фигаро“ повикувајќи се на поморските власти.
Неколку медицински и спасувачки тимови се распоредени на море и на брегот, според телевизијата БФМ.
Текстот Потона брод со мигранти во Ла Манш, 13 загинати, меѓу кои три деца е превземен од МАКФАКС.