По страшниот напад – во Киев од вечерва повторно полициски час, ќе трае до среда наутро

пред 3 години

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, најави нов полициски час во главниот град на Украина, кој ќе трае до среда наутро.

– Полицискиот час ќе започне во 20 часот и ќе трае до 7 часот на 23 март – напиша Кличко на Телеграм.

Тој додаде:

– Утре нема да работат продавниците, аптеките, бензинските пумпи, институциите. Затоа ги молам сите да останат дома или во засолништа. Низ градот ќе може да се движи само со посебни дозволи.

Се придржуваме до правилата за вонредна состојба. Ние веруваме во нашите вооружени сили! Ајде да одиме заедно! Слава на Украина.