Американскиот Сенат ја потврди Деб Халанд за нова министерка за внатрешни работи и таа е првата Индијанка назначена на национална функција.
Четири републикански сенатори им се придружија на демократите во поддршката на кандидатурата на Халанд. Изборот на Халанд беше потврден со 51 глас „за“ и 40 „против“. Девет сенатори не гласаа.
Халанд припаѓа на племето Лагуна Пуебло.
Одговорност на Министерството за внатрешни работи е главно администрација на земјиште во сопственост на сојузните власти. Тоа Министерство донесува одлуки, меѓу другото, и за тоа дали земјиштето во резерватот е загрозено или дали е дозволено да се вадат енергенси со техника на фракинг.
Областа на одговорност на оваа служба исто така вклучува прашања поврзани со околу 1,9 милиони домородци.
„Изборот на Халанд е силен чекор напред во задачата на демократите да ја унапредат иднината на чиста, одржлива енергија во Америка подеднакво и праведно за сите. Потврдата за изборот на Халанд на оваа позиција е историска и претставува гордост за Претставничкиот дом“, рече претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.