Прогласена тридневна жалост во Нови Сад по уривањето на покривот на железничката станица

Прогласена тридневна жалост во Нови Сад по уривањето на покривот на железничката станица

пред 2 месеци

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ денеска прогласи Ден на жалост на територијата на тој град, по повод тешката несреќа предизвикана од уривањето на покривот на Железничката станица во Нови Сад.

Деновите на жалост ќе започнат на 2 ноември, соопшти градската управа.

Претходно, како што пренесоа медиумите во соседството, Владата на Србија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост во Србија, по повод смртта и страдањето на граѓаните поради уривањето на железничката станица во Нови Сад.

Осум лица загинаа денеска во несреќа предизвикана од уривање на настрешницата на старата зграда на железничката станица во Нови Сад.

Текстот Прогласена тридневна жалост во Нови Сад по уривањето на покривот на железничката станица е превземен од МАКФАКС.