Произведувач на вакцини против коронавирус криел проблеми со квалитетот

пред 3 години

„Емерџент Биосолушн“ – долгогодишен добавувач на американската влада ангажиран во производството на стотици милиони дози вакцини против коронавирус, криел докази за проблеми со контролата на квалитетот од инспекторите на Администрацијата за храна и лекови (ФДА) во февруари 2021 година – шест недели пред да ги извести федералните власти дека 15 милиони дозите на вакцината биле контаминирани.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Ова е објавено во новиот извештај на Комитетот за надзор и реформи на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кој го предводат демократите. Извештајот се заснова на внатрешни мејлови, документи на компанијата и интервјуа, пишува „Њујорк Тајмс“.

Во извештајот објавен од Претставничкиот дом и Поткомитетот за пандемиска криза се вели дека речиси 400 милиони дози вакцини против коронавирус произведени од „Емерџент“ мора да бидат уништени поради лошата контрола на квалитетот, вклучително и околу 240 милиони дози кон крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година. Претходните проценки биле далеку помали и не биле објавени контаминирани дози.

„Њујорк тајмс“ минатата година објави дека висок функционер на операцијата „Варп Спид“, иницијатива на администрацијата на Трамп за брз развој на вакцини, предупредил во јуни 2020 година дека потпирањето на фабриката ќе претставува ризик и дека ситуацијата треба внимателно да се следи. Истиот месец, извршниот директор на „Емерџент“, Шон Кирк, потврди во е-пошта дека со години ги предупредувал другите директори за проблемите во фабриката.