Првиот човек на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека Европа ќе ја плаќа испораката на рускиот гас во рубљи и дека тоа ќе се случи што е можно поскоро.
Путин изјави дека „нема смисла да се испорачува стока од Руската Федерација во ЕУ и да се примаат стоки во нивната валута и дека плаќањето за гас ќе биде во рубљи“.
⚡️ Putin declares that European payments for gas supplies will be switched to Russian rubles as soon as possible pic.twitter.com/SAi0fDKfax
— RT (@RT_com) March 23, 2022
„Донесена е одлука плаќањата за испорака на гас во Европа да се претворат во рубљи што е можно поскоро“, изјавил рускиот претседател, пренесуваат медиумите во регионот.
Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари, а како одговор, западните земји најавија тешки санкции кон Москва, пред се во банкарскиот сектор и снабдувањето со високотехнолошки производи.