Рогозин: Со употребата на антисателитско оружје против која било земја можна е трета светска војна

пред 3 години

Генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, смета дека употребата на антисателитско оружје против која било земја е можна причина за почетокот на Третата светска војна, пренесува РИА Новости.

Тој апелираше „да не им се верува на американските претставници кои повикаа на мораториум за тестирање на антисателитско оружје“.

Според Рогозин, САД веќе ги извршиле потребните тестови, кои се завршени, системите се во функција, а сега „се преправаат дека се гулаби на мирот“.

Извршниот директор на Роскосмос стравува дека човештвото наскоро ќе живее во свет во кој оружјето за масовно уништување во вселената ќе стане реалност.

Соединетите држави веќе поседуваат такво нешто, нивниот таен мини шатл X-37B може да носи разузнавачко оружје и возила, смета Рогозин.

„Русија и Кина подготвија заеднички предлог за договор со кој би се забранило лансирање оружје во вселената, а САД наместо да одговорат на овој предлог, објавуваат апсурдно соопштение“, рече Рогозин.