Родителите на момчето убиец од Белград во судот ја негираа вината, судењето прекинато

Родителите на момчето убиец од Белград во судот ја негираа вината, судењето прекинато

пред 12 месеци

Во Вишиот суд во Белград почна судењето на сопружниците Владимир и Милјана Кецмановиќ, родители на малолетникот што на 3 мај минатата година изврши масакр и уби девет деца и чуварот на ОУ „Владислав Рибникар“. Според неофицијални информации, обвинетите Кецмановиќ, како и претседателот на стрелачкиот клуб „Партизан практично гаѓање“, Ратко И., и инструкторот во тој клуб, Немања М., ја негирале вината.

Судењето на самиот почеток беше прекинато, а потоа затворено за јавноста. Обвинетите накратко ја признаа вината и негираа дека го сториле делото.

Адвокатката која го застапува семејството Кецмановиќ, Ирина Боровиќ, по рочиштето, изјави дека смета оти одлуката на судот за негово затворање била избрзана и дека се надева дека судијата ќе ја преиспита таа одлука.

Текстот Родителите на момчето убиец од Белград во судот ја негираа вината, судењето прекинато е превземен од МАКФАКС.