Рокот за продолжување на примирјето истече, Израел: Хамас ги прекрши условите од договорот

Рокот за продолжување на примирјето истече, Израел: Хамас ги прекрши условите од договорот

пред 1 година

Истече рокот за продолжување на примирјето меѓу Израел и Хамас. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ги обновуваат борбите во Појасот Газа.

ИДФ на социјалните мрежи објави дека Хамас отворил оган кон Израел, со што ги прекршил условите од договорот за прекин на огнот.

Извор близок до Хамас вчера за АФП изјави дека Хамас е подготвен да го продолжи примирјето: „Медијаторите во моментов прават силни, интензивни и континуирани напори за дополнителен ден од примирјето и работат на тоа да го продолжат и другите денови“.

Текстот Рокот за продолжување на примирјето истече, Израел: Хамас ги прекрши условите од договорот е превземен од МАКФАКС.