Германски и шведски воени авиони пресретнаа руски во близина на Латвија

Русија: Американски бомбардер опасно се приближи до руски авион во Сирија

пред 5 месеци

Воен авион на коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави опасно се доближил до руски авион во Сирија, изјави заменик-шефот на рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Олег Игнасјук.

„Авион бомбардер Ф/А-18 опасно се приближи до авион Ан-30 на руските воздушни сили над Сирија. Инцидентот се случи на надморска височина од околу 6.700 метри во провинцијата Хомс“, рече Игнасјук, пренесе ТАСС.

Тој додаде дека рускиот пилот покажал висока професионалност и презел навремени мерки за да го спречи судирот.

САД имаат 900 војници во Сирија и 2.500 во соседен Ирак, со цел да ги советуваат и да им помагаат на локалните сили кои се обидуваат да го спречат обновувањето на Исламската држава, која зазеде големи делови од двете земји во 2014 година, но подоцна беше потисната.

Текстот Русија: Американски бомбардер опасно се приближи до руски авион во Сирија е превземен од МАКФАКС.