Русија: Спречен терористички напад, сторителот ликвидиран

пред 4 години

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички напад врз објект на енергетска индустрија во регионот Твер, а осомничениот член на Исламската држава беше ликвидиран додека се спротивставуваше на апсењето, пренесувваат руските агенции.

Во соопштението на ФСБ се прецизира дека убиениот терорист е руски државјанин, по потекло од Централна Азија.

Тој наводно купил компоненти за производство на импровизирана експлозивна направа по наредба на водачот на терористичките ќелии на Исламската држава и во неговиот дом изградил лабораторија за синтеза на експлозивни направи.

„За време на апсењето, милитантот пружи вооружен отпор, а силите на специјалните единици на ФСБ на Русија го неутрализираа со возвратен оган“, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека во неговиот дом биле пронајдени огнено оружје и муниција, експлозивна направа подготвена за употреба и компоненти за нејзино производство.