Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Канада, денеска воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица.
Соединетите Американски Држави воведоа ограничувања за 20 физички лица и 12 ентитети, се наведува на веб-страницата на американското Министерство за финансии, пренесе Ројтерс.
Велика Британија воведе нови санкции за белоруски физички и правни лица и го замрзна имотот на еден од најголемите светски производители на ѓубрива.
Канада воведе нови санкции за белоруски официјални лица и субјекти во координација со меѓународните партнери во знак на протест против, како што наведе, нападите врз човековите права и актите на репресија, соопшти Отава.
Канадското Министерство за надворешни работи соопшти дека дејствува заедно со САД, ЕУ и Британија.