Во случајот со Данка Илиќ се појавија тројца сведоци, кои ќе бидат сослушани на 5 јули, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
Тие ќе бидат сослушани во врска со истрагата против Дејан Д. и Срѓан Ј., осомничени за убиството на двегодишната Данка, јавува „Данас.рс“.
Неофицијално, еден од нив е државјанин на Бор, а другите двајца се жители од Брестовачка Бања.
Покрај Дејан Д. и Срѓан Ј., во овој случај за убиството на девојчето осомничен е и таткото на Дејан Д. поради сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.
Текстот Се појавија нови сведоци во случајот со Данка Илиќ е превземен од МАКФАКС.