Тренер по таеквондо во Австралија уби момче што го тренирал, како и неговите родители

Тренер по таеквондо во Австралија уби момче што го тренирал, како и неговите родители

пред 11 месеци

Таеквондо-тренер од Австралија е обвинет за убиство на својот седумгодишен ученик и неговите родители. Со Кванг Кјунг Јо (49) моментно е во болница, а адвокатите се појавија во судот во Парамата во негово име. Тие не побараа тој да биде ослободен со кауција или да се изјасни за виновен по обвиненијата.

Јо, сопственик на школата за таеквондо и борачки вештини Lion’s, останува под полициска стража во болница откако беше подложен на операција поради убодни рани и расеченици на градите, стомакот и рацете. Полицијата соопшти дека Јо ги задавил момчето и мајка му Мин Чо во своето училиште во понеделникот вечерта, а потоа со автомобил се упатил кон нивниот дом и го избол до смрт таткото на момчето, Стивен Чо.

Во полиција изјавил дека бил нападнат на паркингот.

По тоа, дошол во болница и им кажал на медицинскиот персонал и полицијата дека бил нападнат на паркингот на супермаркетот. Засега властите не утврдиле кој бил точно мотивот за нападот. Единствената врска помеѓу Јо и жртвите е дека момчето било негов ученик и дека сите четворица се родени во Јужна Кореја.

Максималната казна за убиство во Нов Јужен Велс е доживотен затвор.

Текстот Тренер по таеквондо во Австралија уби момче што го тренирал, како и неговите родители е превземен од МАКФАКС.