Три лица загинаа на новогодишната ноќ од експлозии на петарди и пиротехнички средства во Германија, јавија денеска медиумите.
24-годишен маж загина од експлозија на рачно изработена петарда со голема моќност во германската покраина Северна Рајна Вестфалија, објави весникот „Билд“.
Вториот инцидент се случил во покраината Саксонија, кога 45-годишен маж активирал пиротехничка бомба од категоријата Ф4, која може да ја добијат само лица со специјална дозвола.
Тој се здобил со тешки повреди на главата и набрзо починал во болница, потврдил портпаролот на полицијата.
Уште еден млад човек загина во Хамбург во експлозија на рачно изработена експлозивна направа.
Текстот Три лица загинаа од експлозии на пиротехнички средства во Германија е превземен од МАКФАКС.