Рускиот новинар, добитник на Нобеловата награда Дмитриј Муратов и балетската ѕвезда Михаил Баришников објавија видеа во кои ги повикуваат руските власти да му го вратат телото на опозицискиот лидер Алексеј Навални на неговото семејство, една недела по неговата смрт во затворска колонија.
„Само дајте ѝго на Људмила нејзиниот син“, рече Муратов, додавајќи дека е непријатно да се зборува за тоа во земја која се уште се смета себеси за христијанка.
Угледни Руси директно апелираа до рускиот претседател Владимир Путин да го врати телото на Навални на неговото семејство, пренесува ABC News.
Текстот Угледни Руси апелираат властите да го вратат телото на Навални на неговото семејство е превземен од МАКФАКС.