Украинците разнесоа пруга во Русија: саботажа во Белгород

Украинците разнесоа пруга во Русија: саботажа во Белгород

пред 4 месеци

Украинските разузнавачи и специјалните сили дигнаа во воздух железничка пруга во руската област Белгород, при што од шините излета товарен воз, објавија медиумите во Бабел повикувајќи се на извор од военото разузнавање.

Еден ден претходно руските власти тврдеа дека локомотивата и 11 вагони на товарниот воз излетале од шините на потегот Нови Оскол – Волоконовка. Рускиот истражен комитет го карактеризира инцидентот како терористички напад и отвори кривична постапка.

„Парализирана е делницата од пругата Стари Оскол – Валујки“, тврди изворот од Бабел, а пренесува „Киев индипендент“.

„Киев индепендент“ контактирал со Украинската воена разузнавачка служба (ХУР), но не добил одговор за оваа операција.

Возот излета поради експлозија на шините, напиша на 11 септември рускиот телеграмски канал „База“.

Текстот Украинците разнесоа пруга во Русија: саботажа во Белгород е превземен од МАКФАКС.