УНИЦЕФ: 90 отсто од децата во Газа немаат доволно храна неопходна за правилен развој

УНИЦЕФ: 90 отсто од децата во Газа немаат доволно храна неопходна за правилен развој

пред 7 месеци

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска објави дека 90 отсто од децата во Појасот Газа немаат доволно храна неопходна за правилен и здрав раст и развој предупредувајќи дека неисхранетоста кај децата може да доведе до последици опасни за животот.

Во соопштението се наведува дека поради повеќемесечните воени конфликти и намаленото количество хуманитарна помош, системот за снабдување со храна, како и здравствениот систем, пропадна во Појасот Газа, што предизвика катастрофални последици за децата и нивните семејства.

Се истакнува дека 90 отсто од децата во Појасот Газа преживуваат со една или две групи на храна дневно, а децата мора да јадат од најмалку пет од осумте групи на храна, вклучувајќи мајчино млеко, јајца, млечни производи, месо и риба.

Текстот УНИЦЕФ: 90 отсто од децата во Газа немаат доволно храна неопходна за правилен развој е превземен од МАКФАКС.