Целото раководство на партијата ВЛД на белгискиот премиер Де Кроа поднесе оставка

Целото раководство на партијата ВЛД на белгискиот премиер Де Кроа поднесе оставка

пред 7 месеци

Целото раководство на Отворените белгиски фламански либерали и демократи (ВЛД), партијата на премиерот во заминување Александар де Кроа, поднесува оставка откога партијата претрпе тежок пораз на националните и европските избори, објави денеска „Политико“.

„Поразот е колективна одговорност. Не само моја и на Александар де Кро, туку и на целата партија и целото партиско раководство“, рече претседателот на ВЛД, Ром Онгена.

Тој посочи дека и покрај лошиот резултат, ВЛД сè уште е кандидат за учество во владата.

Текстот Целото раководство на партијата ВЛД на белгискиот премиер Де Кроа поднесе оставка е превземен од МАКФАКС.