Четири бебиња починаа од голема кашлица во Белград, едно е на респиратор и е критично

Четири бебиња починаа од голема кашлица во Белград, едно е на респиратор и е критично

пред 12 месеци

Четири бебиња починаа од голема кашлица во Институтот за мајки и деца во Белград, а едно дете е на респиратор, што значи дека е многу загрозено, пишува „Блиц“ додавајќи дека вакцинацијата е единствениот начин да се спречи болеста.

„За жал, малите деца, доенчињата до 4 месеци, може да развијат многу тешка клиничка слика, која кај нас заврши со смрт на четири деца“, рече проф. Владислав Вукомановиќ, кардиолог и раководител на Клиниката за детски болести при Институтот.

Како што додаде, едно дете моментно е на респиратор, што значи дека е многу загрозено.

„Има 70-ина деца со голема кашлица, половина од нив се хоспитализирани и тоа укажува на зголемување на децата со тешка клиничка слика“, додаде д-р Вукомановиќ.

„Нема подобра одбрана од вакцинацијата. Календарот мора да се почитува, контраиндикациите не смее да бидат пречка за вакцинација кога се препишува. Цената зошто овие деца починаа и зошто има толкав пораст на бројот на заболени е секако недоволна вакцинирање на постарите. Имунизацијата е задолжителна и почнува во вториот месец од животот и не треба да има пречка за правилно вакцинирање на децата“, посочува докторот.

Во ЕУ е донесена одлука да се почне со вакцинирање на трудниците од голема кашлица, а во Србија се зборува и за втора вакцинација на децата по завршувањето на основното училиште, потсетува „Блиц“.

Текстот Четири бебиња починаа од голема кашлица во Белград, едно е на респиратор и е критично е превземен од МАКФАКС.